| четврток, 6 декември 2018 |

Братята го уценија Заев: Прво потпиши го Договорот за добрососедство, па после влез во ЕУ

 

Доколку има нова македонска влада, да го потпише Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, целосно ќе го поддржиме членството на Македонија во ЕУ, изјавил пратеникот на бугарската Социјалистичка партија и поранешен министер за надворешни работи, Кристијан Вигенин, пренесуваат бугарските медиуми.

„Во земјата гледаме судир не само на две политички сили туку и на две различни визии за развојот на Македонија“, додал Вигенин.

Според него, Зоран Заев е проевропски и демократски настроен политичар.

„Изборите беа демократски и треба да се почитува резултатот од нив. Ако не се блокира овој процес, најверојатно, до недела ќе има нова влада. Тогаш Бугарија може да биде многу корисна, особено со претстојното претседавање“, додал бугарскиот пратеник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top