| четврток, 6 декември 2018 |

Тадиќ: Оставете ја Македонија да си ги решава проблемите

boris tadic

Претседателот на Социјалдемократската партија на Србија Борис Тадиќ изјави дека Македонија треба да се остави сама да ги среди внатре односите, и дека во овој момент најдобро е да се спушти топката, бидејќи во спротивно последиците би можеле да бидат катастрофални.

“Постои тензија помеѓу одделни политичари од Македонија и од Србија, односно размена на крошеа, со боксерски речник. Мислам дека тоа е многу погрешно и спротивно на нашите заеднички интереси. Ние треба да ја спуштиме топката и да и дозволиме на Македонија самата да ги регулира внатрешните односи. Секое мешање и секаков негативен или погрешен гест на соседните земји може да бидат катастрофален, со оглед на запаливоста на сегашната ситуација “, изјави Тадиќ за новинската агенција Бета.

Поранешниот српски претседател рече дека ситуацијата во регионот е опасна, а особено загрижува фактот дека ЕУ веќе не е толку силна и нејзините институции се доведени во прашање.

“Морам да изразам загриженост за тоа како политички ќе се развива ситуацијата во регионот, бидејќи ја нема веќе силата на европскиот фактор за да се средат односите на Балканот. Некои политичари од Европа дури го поттикнуваат подемот на популистичките, демагошки и националистички лидери во регионот”, рече Тадиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top