Не знам дали господинот Жбогар се сеќава на 1991 година, кога неговата држава, заедно со неговиот народ, се бореше против остварувањето на идејата за Голема Албанија. Се извинувам, почитувани читатели, сакав да кажам против остварувањето на Голема Србија, позната и како Србославија. Не верувам дека не се сеќава.
Сепак, ќе го потсетам како се бореа против таа налудничава идеја, како што е налудничава и идејата за албанизација на целиов регион, односно на остварувањето на идејата за Голема Албанија, која станува сè поизвесна по конструирањето на државата Република Kосово, а сега, во Република Македонија, преку платформата кон која и тој и неговите колеги од ЕУ се однесуваат како да не постои. Господинот Жбогар не мора да каже што мисли, но нека во себе, барем молчешкум, помисли како тој и граѓаните на Словенија ќе се однесуваат и како ќе се бранат, ако некој повторно се обиде да им ги доведе во прашање независноста и природата на нивната држава.
И, уште едно потсетување, упатено до Самуел Жбогар. Во 1936 година, генералот на фашистичката фаланга Хозе Милијан Астрај на најгруб начин упаднал во кабинетот на суптилниот шпански филозоф Мигел де Унамуно, во тоа време ректор на Универзитетот во Саламанка, извикувајќи: „Да живее смртта!“. На овој некрофилен извик на фашистичкиот генерал, претставник на Франковата фаланга, Унамуно одговорил: „Вие ќе победите, затоа што имате брутална сила повеќе отколку што е потребно. Но, вие нема да убедите, бидејќи за да убедите, треба да уверите. За да уверите, ќе ви треба она што го немате – разум“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.