| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева: Под фразата реформатори се продава сè, па и нашиве црпнати од нива

zaev murtino

Република Македонија веќе не е само заложник на велепредавници, криминалци од најтежок калибар, психолабилни личности, луѓе со сериозни алкохоличарски и наркомански проблеми. Таа, како и сите ние заедно со неа, драги мои сограѓани,е целосно киднапирана од овие криминогено-политички натрапницикои имаат ниет топтан да не шитнат на странскиот сценарист – пишува проф. д-р Тања  Каракамишева-Јовановска за „Дневник“.

Tatjana-KarakamisevaТаа додава дека „на сценаристот навистина можеме да му кажеме алал вера мајсторе, својски се потруди да создадеш, а потоа и да реализираш план за натопорување на измеќари на државни функции без граѓански легитимитет“.

-Типови амнестирани за тешки кривични дела за кои делата никогаш не застаруваат, а амнестијата не е вечна и еднаш засекогаш дадена работа,црпковци аболицирани за тешки криминали, но и фатени во нови криминали за кои исто така делата не се застарени, белосветски криминалци и дилери на дрога ни се наметнуваат како реформска нужност, како реформаторскиполитичарикои од реформи знаат исто колку што граѓаните знаат за вселенско право. Под фразата реформатори се продава се, па и нашиве црпнати од нива – пишува Каракамишева-Јовановска.

Понатаму пишува:

За реформатори ни се претставуваат луѓе кои единствено што знаат е да го реформираат својот сопствен џеб, да арчат туѓи пари вечно залепени како крлежи на народот и неговите даночни сметки, да уживаат во незаработени благодети, ненаситно да се лакомат настранските и на буџетските пари за сопствени ќеифови и луксузирања, да се богатат без усул денес како да утре нема да има нов ден. Здружени со подземјето, здружени со матни типови од наркодилерската сфера,здружени со странски политичари во заоѓање на кои единствено што им е важно во моментов е како даги излечат сопствените политички фрустрации и незадоволства од рејтингот што го имаат во своите земји, овие наши големи„реформатори“ ја ставија државата во рулетот наДанте во кој сите ние се вртиме во последниот, деветиот круг.

Прашање што си го поставува секој здраворазумен граѓанин во Република Македонија е дали од овој пекол има излез, дали има чаре, или е ова сепак крај на сите надежи? Дали овој пат на беззаконие, пат на целосно кршење на Устав, закони, деловници, правилници и слично што ни се случува во Македонија подолг период, но посебно сега, е вистинскиот пат за исполнување на критериумите за почеток на преговорите за поглавјата 23 (судски реформи и човекови права) и 24 (правда, слобода и безбедност) на РМ со ЕУ? Дали е ова патот, и дали се ова начините за правилно и целосно демонстрирање почит кон човековите слободи и права во земјата,почит кон правото на парламентарната демократија, дали е ова вистинско владеење на правото за кое Европската комисија толку упорно не учи и советува, дали е ова почитување на Устав и на закони според европските стандарди?

Дали молчењето на јавните обвинители и судии кога постојат силни докази дека е сторено велепредавство и државен удар од политичари во земјата е врв на професионализмот и одличен стандард кој треба и натаму да го практикуваат во работата? Дали е ова начинот на кој европските независни јавни обвинителства и судови во земјите-членки на ЕУ(не)постапуваат кога се соочуваат со сторени најтешки кривични дела против државата? Дали и тие, како и нивните македонски колеги никогаш не реагирале поостро и со потешки казни кога се соочувале соилјадници шарени изливи на бруталност истурени против државни органи, национални споменици, спомен обележја, традиционални сеќавања, итн.?

Дали вака како што се „избра“ претседател на Собранието на РМ се избираат претседателите и во нивните парламенти? Дали е ова нормална постапка за избор на спикер, претседавач, претседател или како и да се нарекува првиот човек во државата, и првиот човек на претставничкиот дом на сите граѓани во нивните земји? Еве да ги земеме за пример Шведска или Холандија, СР Германија, или Обединетото кралство, или САД, земјите чии амбасадори во РМ со овации го поздравија изборот на Талат Џафери, дали во овие земји е пракса да се избира спикер, претседател на Парламент од пратеници пикнати во едно ќоше од салата, од кои неколку со телефони во рацете гордо ставени во улога на камермани на актот на политичкото насилство, други пејат химна на странска држава, трети стојат мирно на пеењето на странската химна небаре им се пее молитвата од раѓањето, а рецка не му ставаат на пеењето на националната химна, четврти глумат претседавачи, копретседавачи и некаква наводна деловничка и уставна процедура, петти не знаат дали треба да креваат рака, или да притиснат на копче за избор, или треба нешто друго да прават, и сиот тој аранжман на комплетнопратеничко лудило да се нарече официјален, легален и легитимен избор на претседател? Одговорот е сигурно не. Нема ваква процедура во ниту една демократска и независна земја во светот, освен во земја во која правото е комплетно суспендирано за нормалните и вообичаени процеси во политиката, од една, а ставено на силно движење кога треба да се заштити политичкото мочуриште од велепредавници, од друга страна.

Во Македонија е суспендиран правниот, судскиот и обвинителскиот систем за гонење на вистински криминалци, рушветџии фатени на дело, сопственици на станови кои неколкукратно си наплатуваат кирии самите на себе, митаџии пар екселанс и пиштолџии кои чекаат наредба од партискиот шеф за да пукаат во сопствениот народ, дилери на дроги, оружје, фалсификатори на лични документи на граѓани,  итн., ама затоа инстантно и молскавично брзо спроведуваат постапка против луѓе на кои им пукнал филмот од посочениве. Политичко и физичко насилство никој не треба да брани, ниту да стимулира. Насилството е секогаш за осуда.Но, кога државата се соочува со извршено велепредавство повеќе од три години и направен државен удар врз уставниот поредок на земјата со насилнички, со противуставен и противзаконски избор на најзначајната функција на државата, претседател на Собрание на РМ, кога постои јасен, прецизен и на сите познат план, како и точно утврдени локални извршители на тој план за целосно разнебитување на Македонците, нанивното вековно име, идентитет, црква, историја, традиција, недозволено е да постои вакво затајување, вакво самосуспендирање на правниот систем како што ни се случува во моментов. Ова во најмала рака чудно и неприфатливо однесување кое го манифестираат надлежните органи од правосудниот системсо непреземање никакви акции против сторителите на најтешките кривични дела против државата во меѓународното и во националното казнено право, е за целосна граѓанска осуда. Зошто затаи делувањето на ОЈО по службена должност кога пред целата македонска и странска јавност се виде бруката од т.н. избор на претседател на Собрание? Каква пријава чекаа ОЈО до полноќ кога пред нивните очи се случуваше државен удар преку неуставниот, незаконскиот и неделовничкиот избор на претседател на Собрание на РМ? Ним ли треба посебно да им се елаборира дека со т.н. избор се случи напад врз претставничкиот дом на сите граѓани со кој се загрози уставниот поредок во државата? Ним ли треба да им се црта дека со стореното политичко насилство т.н. избор на претседател на Собранието на РМ е погазен Уставот, Деловникот, и Законот за Собранието на РМ, или поконкретно членот 8, став 1, алинеја 3, членот 51, став 2 како и членот 63, став 1, од Уставот на РМ, потоа член 2, член 3, член 9, став 1, член 22, член 24, член 26, член 30, член 32, член 80, ставовите 1, 2 и 5, член 83, член 95, член 96, член 116, и член 174 од Деловникот на Собранието на РМ, како и член 32, став 1 и 5, член 23, член 37, и член 39 од Законот за Собрание на РМ.

Нема ниту едно, ама ниту еднооправдување за овој институционален молк во примената на правото и правдата во земјата. Нека се работи и за најголем притисок извршен од свети Бејлиевци, свети Марсовци, свети сите тројца, од кого и да е. Држава не се брани и не се штити на ваков никаковначин.

На ваков начин државата се губи со сите нејзини прерогативи, уставни вредности, демократски столбови. Селективниот однос на правосудната власт, едни аршини за оние кои извршија физичко насилство, а сосема други аршини, или поточно немање аршини за спроведувачите на државен удар во земјата и загрозување на уставниот поредок на РМ ја унаказува не само државата, туку и довербата што граѓаните ја имаат во неа. А со губењето на граѓанската доверба во моќта и во капацитетот на државата, се губи чувството на сигурност во сопствената татковина.

Ако целта на целово сценарио е да се исплаши или да се повлече во позадина мнозинството Македонци од сопствената битка за враќање на заробената, киднапирана и веќе таксана за продажба Татковина, гадно се зафркнале авторите, бидејќи тоа нема да се случи ниту на сон. Каубојскиов начин по кој кинисале предавниците да ја заземаат државата институција по институција уште повеќе ќе ги стимулира Македонците за акција, и за враќање на државата под свое раководство. Ѕвездата што сега божем ги огрева домашните предавници и бранители на странската кауза нема долго да им свети. Наметнатата и каубојски воспоставената власт која на криминален начин се всадува во институциите на системот нема да имадолг век на траење. Ниту една власт дојдена на сила, насадена однадвор, со употреба на противправна процедура, со употреба на изборна измама, со лаги, уцени, притисоци, немала иднина. Дополнително на сето тоа, наметната однадвор власт што сака да ги продаде на големи сите државни и национални интереси на Македонците нема да има божја моќ, ниту божји благослов да се наметне како национална власт. Таквите квислиншки испостави имаат еднократна употреба, кои по истекот на рокот се фрлаат во буниште, како последно национално ѓубре. Историјата ни дава многу примери на такви власти кои завршиле на буниште без никаква вредност за државата и нејзините граѓани. Или криминалните испостави сами се јадат од внатре, бидејќи криминалците не трпат превласт едни над други, или ги уништува народот со силна волја за почитување на законите. Токму затоа драги мои сограѓани, во овие тешки моменти за нашата Татковина останете смирени и горди на тоа што сте Македонци. Не дозволувајте да ве надвладее апатијата, разочараноста, депресијата и чувството дека работите не се во наши раце. Можеби првото чувство е тоа, но битката не е изгубена. Останува уште пат пред нас за целосно национално чистење, за целосна национална катарза. Тој пат ќе треба да го изодиме заедно, со помош на државните органи кои знаат да ја сработат својата работа на професионален и уставно-правен начин, сплотени и со верба во мисијата за која се бориме-да ја вратиме Татковината на патот на вистинската демократија, на вистинското владеење на правото, на националното единство. Криминалците биле, се и секогаш ќе останат криминалци. Еднаш продадена душа на ѓаволот, секогаш продадена душа. Ако државните органи не ги казнат криминалците сега, верувајте дека тоа ќе биде сторено многу брзо кога работите во државата ќе бидат поставени така што ќе нема пардон, ниту милост за велепредавниците и криминогените структури. Тогаш кога народот ќе си ја врати власта во свои раце. А до тогаш, вербата, храброста и божјата мудрост нека не водат низ одаите на сопственото чистење и јакнење на нашиот вековен национален код.

Да останеме на патот на Заедничка Македонија, затоа што здружени и заедно никој ништо не ни може.

Јас сум за Заедничка Македонија. Биди и ти дел од нас за конечна победа на Татковината, непроменливоста на уставното име Република Македонија, непроменливоста на македонскиот идентитет, унитарниот карактер на државата, химната, знамето, грбот, за целосно владеење на правото и за правда за сите и секого.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top