| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска промоција на „Полицајка в кревет“ на Веле Смилевски

Првиот роман на Веле Смилевски, „Полицајка в кревет“ денеска ќе биде промовиран во  клубот „Матица“, каде што е во тек Саемот на книгата што традиционално го организира оваа издавачка куќа.

„Полицајка в кревет”, е  во издание на „Дијалог” од Скопје, и Смилевски на 250 страници донесува потресна приказна за балканската раскрсница на трговија со жени во која се испреплетени судбините на цела галерија ликови.

Издавачот информира дека за нецели два месеца од објавувањето „Полицајка в кревет” стана хит и предизвика големо интересирање во литературната јавност и кај читателите.

– Во овој криминалистичко-психолошко-еротски роман се разработува феноменот на конфликтните ситуации, кога прогонувачите и прогонуваните во еден момент доживуваат иста судбина – велат од „Дијалог“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top