| четврток, 6 декември 2018 |

Двоен пекол за Ѓоковиќ

Светската тениска федерација најави дека годинава ќе биде засилена допинг-контролата во тенисот. Бројот на тестови ќе порасне на 8000, речиси двојно од 4899 лани, a повеќе примероци ќе се складираат подолготрајно.
– Заштитата на интегритетот на тенисот е приоритет, за да се осигура дека тенисот ќе остане чист спорт. Овие подобрувања ќе направат позитивен придонес и го поздравуваме зајакнувањето на антидопинг-напорите, вели претседателот на ИТФ, Дејвид Хагерти.
Со оглед на тоа дека Ѓоковиќ беше еден од најчесто тестираните тенисери минатата година, се очекува оваа година да преживува антидопинг-терор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top