Јапонскиот лизгач Кеи Саито е првиот учесник на ЗОИ во Јужна Кореја кај кого е откриено користење недозволени супстанци.
Саито, кој се натпреварува во брзо лизгање, падна на допинг тестот спроведен ден по неговото пристигнувањето во Пјонгјанг. Јапонецот користел ацетазоламид, супстанца која се користи за прикривање на трагите на други забранети супстанции кои придонесуваат за подобрување на спортски перформанси.
Тој е суспендиран од неговата репрезентација и вратен дома, а допрва го очекува санкција од МОК. Спортистот негира користење на недозволени средства.
– Никогаш не сум се обидел такво нешто. Поминав и анти-допинг обука и никогаш не би користел стероиди. Сакам да ја докажам мојата невиност. Ја прифаќам одлуката на репрезентацијата со цел да не бидам товар за тимот, рече Саито.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.