| четврток, 6 декември 2018 |

НЛО поминал покрај патички авион на „Хитроу“, пилотот потврди

Screenshot (5)Пилот на патнички авион тврди дека во јули минатата година во близина на аеродромот Хитроу во Лондон видел НЛО.

Пилотот се исплашил од сребрениот објект во форма на рагби – топка што прелетал покрај неговиот патнички авион Ербас А320, а го забележал преку левиот прозорец на пилотската кабина.
Оваа блиска средба, наводно со вонземјанското летало, се случила околу триесет километри западно од аеродромот Хитроу во Лондон.

-Пилотот беше речиси сигурен дека ќе се судреле со „предметот“ што го видел. Неговата прва реакција била вртење десно. Во спротивно очекувал судар, се вели во извештајот за инцидентот.

Откако го избегнал судирот, капетанот ги проверил своите помошни инструменти и случајот го пријавил во контрола на летањето, но НЛО-то исчезнало.

Откако го пријавил тоа што го видел, надлежните провериле дека во тоа време во воздушниот простор немало балони или други авиони, а инцидентот се случил на 13-ти јули минатата година, околу 18:35 часот по локално време.

-Многу е интересен најновиот случај за виден НЛО, поради тоа што е опишан во детали и многу јасно. Пилотите не пријавуваат вакви случаи туку така. Нешто навистина мора да било блиску до авионот тој ден, вели д-р Дејвид Кларк, консултант на Националниот архив.

Британското Министерство за одбрана своето одделение за одбрана од НЛО објекти и телефонот за повик го затвори во 2009. година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top