На интернет се појавила бизарна снимка од триаголен објект на небото над главниот град на Мексико, за кој се тврди дека е “апсолутен доказ” за постоење на вонземјански живот, а авторот вели дека се гледаат бројни НЛО.
Видеото наводно било снимено оваа недела, а фатило бела светлина која се движи од десно на лево пред да забрза и да исчезне. Потоа следи забавена снимка, на која навистина се гледа дека светлината има облик на триаголник, како околу неа да се формирал штит.
Видеото му го привлекло вниманието на познатиот уфолог Скот Воринг.
“Оваа снимка ја направил истражувач на НЛО од Австралија, кој во живо го гледал преносот од градските камери во Мексико Сити. Познат е по својата напорна работа и овој пат фатил неверојатно пирамидално НЛО кое полусокриено се движело низ облаците”, напишал Воринг на својот блог.
“Сум слушнал за пирамидални облаци, но има многу малку проверени извештаи за нешто вакво…Како што можете да видите, камерата прави по една фотографија на секои неколку секунди, па има прескокнувања, но НЛО е видлив на многу фотографии”.
Триаголни и пирамидални објекти зачестено се појавуваат во последните години, посебно над северна и централна Америка, но некои уфолози велат дека не станува збор НЛО, туку за таканаречени црни триаголници, тајни американски шпионски авиони, познати и како TR-3B. Тој авион бил виден и во септември над Сиетл.
Авионот TR-3B официјално не постои, но теоретичарите на заговори сметаат дека тоа е летало за надзор кој е прв пат било тестирано во Првата заливска војна на почетокот на 90-тите, а понатаму било развивано во тајно
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.