| четврток, 6 декември 2018 |

Во Полска падна авион Миг-29, пилотот загинал иако успеал да се катапултира

Во северниот дел на Полска се урнал воен авион Миг-29 на полското воено воздухопловство, а полотот загинал иако успеал да се катапултира.

Авионот се урнал околу два часот по полноќ во близина на местото Сакув во Варминско-мазурската област, на една ливада околу половина километар од најблиските куќи, а по ударот во земја, се запалил.

Пилотот, како што објави полското Министерство за одбрана утрово, успеал да се катапултира, но неговото мртво тело било пронајдено неколку стотици метри од рушевините на авионот.

– Пилотот кој трагично загина имаше минато 800 часови во летови, од кои повеќе од 500 беа со авиони Миг-29 со кои исто така има учествувано и во борбени дејствија. Тој повеќе пати учествувал и во полски и меѓународни воени вежби – соопшти министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top