Светските агенции синоќа посветија значително внимание на настаните во македонското Собрание, кога граѓаните револтирано реагираа на неделовничкото поставување на Талат Џафери за спикер на парламентот. Веднаш се рашири веста дека личното обезбедување на Зоран Заев извадило оружје и го вперило кон разјарениот народ, кој во налетот во парламентот го изрази револтот кон пратениците на СДСМ.
Фоторепортерот на „Република“ го засведочи моментот кој некои медиуми се обидоа да го сокријат или да го релативизираат.

Извори од парламентот велат дека оружјето го потегнале членови од личното обезбедување на потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, или на неговиот партиски челник Зоран Заев.

Засега нема информации како одредени лица што се ставиле во заштита на пратениците на СДСМ, според очевидци, воопшто можеле да внесат огнено оружје во Собранието кога тоа е строго забрането.

На 60 ден од мирните протести на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија, Заев луцидно ги предизвика граѓаните така што во моментот кога беа пред Собранието, како и секој ден во изминатите 60 дена, во 18.20 часот, во Прес-центарот на Собранието се обрати за да им го честита новиот претседател на Собранието, избран само кратко на собраниските клупи на нелегитимен начин преду државен удар. Увертира на државниот удар беше изведбата на албанската химна во Собранието на Република Македонија, невиден преседан во светската демократија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


