| четврток, 6 декември 2018 |

Заев најави дека новото парламентарно мнозинство ќе разговара за промена на името

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција во Собранието денеска најави дека новото парламентарно мнозинство ќе разговарало за промена на името.

-Точно е дека ќе бараме решение на проблемот кој што Грција го има со нашето уставно име, но одлуките ќе ги носиме во консензус со опозицијата, а ќе станат конечни по референдум на кој што ќе се изјаснат граѓаните, рече Заев.

Заев во 2008 година од позицијата в.д. престедател на СДСМ даде изјава дека Македонија мора да ја свитка кичмата за да го реши проблемот со името.

-Она на што можеме да се согласиме е отстапница во делот на меѓународната употреба на името во сите меѓународни институции и мислам дека овде треба некојпат и да „свиткаме кичма“, како што знаат старите да кажат, истакна Заев тогаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top