Вчера во Министерство за култура на Република Бугарија беше организатор и домаќин на промоцијата на бугарското издание на книгата “Јавна и културна дипломатија” од Васко Шутаров.
Пред многубројни љубители на културата и претставници од дипломатскиот кор, за книгата и авторот зборуваа Марјан Ѓорчев, Амбасадор на Република Македонија во Бугарија, Дејана Данаилова од Министерството за култура на Република Бугарија и Пламен Тотев, во име на бугарското книгоиздателството “Изида”.
Ова е едно од ретките дела посветени на културната дипломатија, една од поновите и најатрактивни области од дипломатијата, со која преку културни содржини и програми, државите и нивните дипломатии упатуваат пораки за своите системи од вредности, идеи, ставови, претстави, начини и култури на живеење. Едно од првите и сеопфатни идстражувања во научната мисла на оваа тема, се поместени токму во оваа книга, која на македонскиот книжевен пазар се појави во 2014 година.
Авторот на книгата, м-р Васко Шутаров е директор на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, а овој проект беше поддржан и помогнат од македонското Министерство за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.