| четврток, 6 декември 2018 |

Бекер: Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос па летна во облаци и не се спушти

novak djokovic

Борис Бекер, поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, вели дека промената во размислувањата на Србинот е главната причина за лошата форма и слабите резултати кои ги оваа сезона ги бележи некогашниот најдобар рекет на светот.

– Не може да го загубите својот сервис и форхенд преку ноќ. Јас мислам дека сé е во неговата глава и неговиот менталитет. Мислам дека многу се промени по победата во Франција. Победа на Ролан Гарос беше неговиот животен сон, и најверојатно по истата „пукна балонот“ и Ноле „летна во облаци“, а сега не може да се врати – вели Германецот.

Ѓоковиќ пред само една година беше несовладлив ширум терените во светот, но кон крајот на минатата сезона, односно по победата во Париз, неговата игра драстично падна и заслужено го загуби првото место на АТП листата, на кое сега седи Шкотот, Енди Мареј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top