Наградниот фонд на годинешниот Ролан Гарос ќе биде зголемен за 12 проценти во однос на лани и ќе изнесува 36 милиони евра. Со тоа се зголемуваат и наградите за победниците во машка и во женска конкуренција кои ќе добијат по 2,1 милион евра.
Директорот на вториот гранслем турнир во сезоната, Ги Форже, ја потврди информацијата дека наградниот фонд на годинешниот Ролан Гарос ќе биде за четири милиони евра поголем од лани. Најосетно зголемување на наградите од 16 проценти е за играчите кои ќе бидат елиминирани меѓу првото коло и четвртфиналето.
Со новиот буџет, победниците во двете конкуренции ќе добијат по 2,1 милион евра што е 100.000 евра повеќе во однос на минатата година.
Гранслем турнирот на Ролан Гарос почнуваа на 22 мај, а титулата на парискиот турнир ќе ја бранат Новак Ѓоковиќ и Гарбине Магуруза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.