| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо почна да купува, се договори со ѕвездата на Монако!

berbardo silva

Реномираниот француски весник „Франс Фудбал“ во денешното издание тврди дека дека една од ѕвездите на Монако веќе го договорл трансферот во Манчестер Јунајтед и од следната сезона ќе игра во тимот на Жозе Мурињо.

Се работи за одличниот Португалец од средниот ред Бернардо Силва кој оваа сезона блеска во дресот на Монако и е еден од најзаслужните за добрите резултати на тимот од „кнежевството“.

За Бернардо Силва интерес покажаа многу европски гиганти, но „Франс Фудбал“ тврди дека Мурињо ја победил конкуренцијата и дека играчот ќе се пресели на „Олд Трафорд“.

Клучна улога во овој трансфер одиграл супер-агентот Жорге Мендеш кој е голем пријател со Мурињо, а исто така ги застапува интересите и на Бернардо Силва.

Португалскиот репрезентативец веќе договорил четиригодишна соработка со „црвените ѓаволи“, а весникот тврди дека двата клуба се блиску до договор и дека трансферот ќе изнесува точно 50 милиони евра плус одредени бонуси.

Ова сигурно ќе биде огромно засилување за тимот на Мурињо, кој сака да направи тим со кој ќе може следната сезона да ја нападне титулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top