| четврток, 6 декември 2018 |

Кретен, метафора и тиранска разонода

Колумнист, поранешен градоначалник на општина Центар, еден од луѓето кои ја сочинуваат интелектуалната структура на СДСМ, претседател на Советот на интелектуалци на СДСМ. Спаѓа во редот на јастребите или екстремни структури во врвот на СДСМ, или тоа што е Доналд Трамп за републиканците, тоа е Мирослав Грчев за СДСМ.“ Со оваа помпезна најава новинарот и аналитичар Васко Ефтов ќе ја отвори последната емисија „Во Центар, во која единствен гостин ќе му биде токму професорот Мирослав Грчев.

Ефтов ги најавува шеесетте минути како тврдо, интензивно и многу добро интервју – и со право – зашто пред нас се отвора интервју кое многу добро, без метафора, со зборовите на еден друг професор, професорот Љубомир Цуцуловски, ќе ни ја покаже „грдоста на духот и умот“ на интелектуалната елита на СДСМ.

Да одиме редум.

Половина минута игнорирање и исто толкаво инсистирање на новинарот за да одговори професорот Грчев, кој потекнува од партизанско семејство, веројатно едно од многуте кои вршеле „геноцид врз Албанците“, дека му пречи скандирањето „Убиј каура“. Но, тоа и не е релевантно, вели професорот, зашто скромноста и итноста на ситуацијата не дозволуваат она што нему му пречи да има значење. Неговото мислење немало значење во овие тешки денови за Македонија, иако тој интензивно гласно размислува во „Слободен печат“ и на „Плус инфо“.

Исто толку нерелевантна е и Тиранската платформа.

Не ја читав Тиранската платформа и ја сметам за нерелевантна за да биде тема во овој момент, не се бавев со читање во права смисла на зборот, ја прегледав и ја знам нејзината содржина и тоа е читање кога како читате весникЈа прегледав, значи јас сум професор и јас под читање подразбирам да се студира, вели Грчев.

Замислете си, Грчев по влечки излегува во 23 часот да го прошета кучето и на колпортерот му подава грст железо: „Дај две тирански разоноди и „Теа модерна“ за ќерка ми“. Секако, прочитаните тирански разоноди ќе ги користи за потпалување на првомајската скара.

Прво нека стане владина програма, па закон, па ќе ја дискутираме Тиранската платформа, вели професорот. Прво нека изгори, па ќе го гаснеме, со други зборови.

Експертот ангажиран од Катица Јанева и претседател на Советот на интелектуалци на СДСМ гордо истакна дека стои зад сите навреди кои во последниот период ги напиша во своите колумни, и додаде дека тие ги пишува во функција на претседател на Советот.

Во една од своите колумни Грчев за граѓаните кои протестираат За заедничка Македонија пишува дека се „хибернирани кретени, а во интервјуто ги потврдува и секако ги брани своите креативни изблици на инспирација.

Тоа е поим за тешко ментално заостанат или пореметен човек, но го изгубил медицинското значење и сега има само метафорично значење, истакнува првиот човек на Советот на интелектуалци на СДСМ кој стои зад секој збор кој го напишал.

Скотови,“кретени и криминалци, мафијашко-партиска држава со фашистичко идеолошко ударение, арамии, лопови и ништожници, девијантни криминални умови“- сѐ саде метафори.

Така, кога некого ќе удриш, ти не си го удрил, туку тоа било само метафора. Кога нешто ќе украдеш или некого убиеш, ти ништо не си украл, уште помалку некого си убил, бидејќи сѐ е тоа метафора. Значи, крадете и убивајте, вреѓајте и вулгаризирајте колку ви душа сака, бидејќи сите тие нешта се само метафори. И Хитлер, заедно со своите нацисти, кога другите, поинаквите од нив, ги носеа во гасни комори, не ги носеа во гасни комори, бидејќи и Хитлер, како и секој натпросечен интелектуалец, се однесувал метафорично. Тој, само како метафора, ги требел Евреите, Словените, Ромите, Поинаквите. Сето ова, почитувани, го научив од професорот Мирослав Грчев, кој е само метафора на професор, бидејќи ништо на овој свет не е ништо друго освен една гооолема метафора! Дури ни карикатурата не е карикатура, ниту е карикатура на карикатурата. Не, и таа е метафора., се згрозува професорот Цуцуловски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top