| четврток, 6 декември 2018 |

Спро­ве­ду­вач на ди­ге­стив­на­та по­ли­ти­ка на За­ев

Се раз­у­ба­ве­ло ли ли­це­то на Ма­ке­до­не­цот за­тоа што Хојт Ји е де­нес сре­ќен, а Та­лат Џа­фе­ри се­ди на спи­кер­ско­то стол­че во Со­бра­ни­е­то и За­ев ќе ја ури­ва огра­да­та на вла­да­та?

Ко­га бе­ше об­ја­ве­но не­го­во­то име на дол­ги­от ми­ни­стер­ски спи­сок, мно­гу­ми­на си по­мис­ли­ја се­што: „сон­чог­лед – кол­ку тоа про­фи­та­бил­но зву­чи“ ре­коа ед­ни, дру­ги вед­наш на­пи­шаа „пре­мач­кан со си­те бои“, тре­ти се при­се­ти­ја на вре­ми­ња­та ко­га му бе­ше со­вет­ник на Гру­ев­ски за де­не­ска да му ста­не ми­ни­стер на За­ев… Одам­на е чо­ве­кот во по­ли­ти­ка­та, сил­ни ве­три­шта про­ду­ва, но Ни­ко­ла оп­сто­ја. Чу­дес­но.

Во вре­ме­то ко­га не­го­ви­от та­тко бе­ше ам­ба­са­дор во Мос­ква, мла­ди­от Ди­ми­тров бе­ше ма­ке­дон­ски ам­ба­са­дор во Ва­шин­гтон. Прв и пос­ле­ден пат Ру­си­ја и САД би­ле тол­ку бли­ску – и тоа пре­ку Ма­ке­до­ни­ја и се­меј­но­то за­ни­ма­ње на Ди­ми­тро­ви.

Ни­ко­ла Ди­ми­тров е син на Ди­ми­тар и на Ра­тка Ди­ми­тро­ви, истак­на­ти акти­ви­сти и по­ра­неш­ни функ­ци­о­не­ри ВМРО-ДПМНЕ од вре­ме­то на Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски. Та­тко­то Ди­ми­тров бе­ше ми­ни­стер за обра­зо­ва­ние, а по­тоа и ми­ни­стер за кул­ту­ра во вла­да­та на Ни­ко­ла Кљу­сев. Ди­ми­тров по­ста­ри­от бе­ше и ам­ба­са­дор на Ма­ке­до­ни­ја во Мос­ква, а Ра­тка Ди­ми­тро­ва, пак, бе­ше пра­те­ник во пр­ви­от ма­ке­дон­ски пар­ла­мент од ре­до­ви­те на ВМРО-ДПМНЕ, но и во пр­ви­те ре­до­ви на Ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја.

Ни­ко­ла Ди­ми­тров зад се­бе има бо­га­та по­ли­тич­ка ка­ри­е­ра, од со­вет­ник за на­ци­о­нал­на без­бед­ност на пре­тсе­да­те­лот Бо­рис Трај­ков­ски, пре­ку ам­ба­са­дор во САД до со­вет­ник на пре­ми­е­рот, но исто­вре­ме­но и на­ци­о­на­лен ко­ор­ди­на­тор за НАТО, пре­го­ва­рач во име на пре­тсе­да­те­лот Цр­вен­ков­ски во спо­рот за име­то.

Нак­ло­но­ста кон Бу­га­ри­ја ја нас­ле­дил од та­тка си. Со го­ди­ни се при­ка­жу­ва за жар­та на Ди­ми­тро­ви кон Бу­га­ри­ја и искри­те кон Ср­би­ја. Ток­му ко­га мо­же­ше при­каз­на­та да за­ми­не во ле­ген­ди­те за ма­ке­дон­ска­та над­во­реш­на по­ли­ти­ка, мла­ди­от Ди­ми­тров вле­зе во ко­жа­та на по­ста­ри­от, па не­ма за­бе­ле­шки на Бу­га­ри­ја, ко­ја не го приз­на­ва ја­зи­кот и ба­ра да пот­пи­ше­ме спо­год­ба де­ка има­ме за­ед­нич­ка исто­ри­ја за да се до­ка­же де­ка сме ист на­род со бу­гар­ски­от. Од лич­ни по­бу­ди, исто та­ка, не му пре­чи ни­ту што Гр­ци­ја де­вет го­ди­ни нè бло­ки­ра за влез во НАТО и во ЕУ, нè на­ре­ку­ва по­грд­но со ФИРОМ или Скоп­је.

Ни­кој друг не се ме­ша, са­мо Ср­би­ја се ме­ша, за­бе­ле­жа­ло остро­то око на пом­ла­ди­от Ди­ми­тров. Кој да знае де­ка да не бе­ше Ср­би­ја, Ма­ке­до­ни­ја ќе бе­ше во со­сед­ски рај на зем­ја­та. Сре­ќа, ни ги отво­ри очи­те, а што­ту­ку по­мис­лив­ме де­ка Ал­ба­ни­ја и Ко­со­во, кои отво­ре­но ја под­др­жу­ва­ат ти­ран­ска­та пла­тфор­ми, ди­рект­но за­се­га­ат во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на Ма­ке­до­ни­ја.

Уште по­ин­те­рес­но за ин­те­ре­си­те на мла­ди­от Ди­ми­тров е што тој е убе­ден де­ка Гр­ци­ја има ин­те­рес за европ­ска Ма­ке­до­ни­ја. Ди­ми­тров ве­ру­ва де­ка има­ме ин­те­ре­си и тоа за­ед­нич­ки, па пр­ва­та би­ла­те­рал­на сред­ба ќе ја има со ко­ле­га­та во Ати­на, за да ѝ го прет­ста­ви на Гр­ци­ја но­во­то ли­це на Ма­ке­до­ни­ја.

Ра­бо­та на дип­ло­ма­ти­ја­та е да гра­ди мо­сто­ви, да пра­ви при­ја­телс­тва и да отво­ра вра­ти и перс­пе­кти­ви. Би­деј­ќи на­ши­от нај­го­лем пре­диз­вик за евро­ат­лант­ски­те ин­те­гра­ции се ток­му од­но­си­те со Ати­на, са­кам пр­во во Гр­ци­ја да го прет­ста­вам но­во­то ли­це на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Убе­ден сум де­ка има­ме мно­гу за­ед­нич­ки ин­те­ре­си. Убе­ден сум де­ка и Гр­ци­ја има ин­те­рес за европ­ска Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја – из­ја­ви Ди­ми­тров.

Чи­тај­ќи за „но­во­то ли­це на Ма­ке­до­ни­ја“ не­свес­но се на­мет­ну­ва син­таг­ма­та „гр­до­то ли­це на Ма­ке­до­не­цот“, не­при­јат­на, по­ни­жу­вач­ка из­ја­ва, ко­ја го обе­ле­жи пре­диз­бо­ри­е­то. Се раз­у­ба­ве­ло ли ли­це­то на Ма­ке­до­не­цот за­тоа што Хојт Ји е де­нес сре­ќен, а Та­лат Џа­фе­ри се­ди на спи­кер­ско­то стол­че во Со­бра­ни­е­то и За­ев ќе ја ури­ва огра­да­та на вла­да­та?

Ме ра­ду­ва тоа што ми­ни­сте­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Гр­ци­ја, Ни­кос Ко­ѕи­јас, по­да­де ра­ка на при­ја­телс­тво до дру­га­та стра­на во Ма­ке­до­ни­ја изра­зу­вај­ќи под­го­тве­ност за сред­би и за раз­го­во­ри во на­со­ка на уна­пре­ду­ва­ње на од­но­си­те ме­ѓу две­те зем­ји, што се на­де­ва­ме ќе до­ве­де до до­го­во­ри што ќе го одб­ло­ки­ра­ат па­тот на Ма­ке­до­ни­ја кон евро­ат­лант­ски­те ин­те­гра­ции – нај­а­ви Хојт Ји во кој пра­вец ќе ра­бо­ти Ди­ми­тров, „еден од клуч­ни­те акте­ри во до­се­гаш­ни­те про­це­си во спо­рот со Гр­ци­ја“.

Клуч­ни­от Ди­ми­тров, во ду­хот на ди­ге­стив­на­та по­ли­ти­ка на За­ев, кој ќе ја­де­ше жи­ви лу­ѓе, ја за­о­кру­жи сво­ја­та „уба­ва“ аген­да со из­ја­ва­та во Бр­до кај Крањ за жед­ни­те Ма­ке­дон­ци, во ко­ја наг­ла­си де­ка од Ма­ке­до­ни­ја ќе пра­ве­ле европ­ска Ма­ке­до­ни­ја.

Ги убе­ду­вав мо­и­те ко­ле­ги де­ка жед­та што по­стои ме­ѓу ма­ке­дон­ска­та јав­ност, ме­ѓу гра­ѓа­ни­те, по овој кош­мар низ кој по­ми­нав­ме, за сил­ни ин­сти­ту­ции, за прав­да, за за­кон над по­ли­ти­ка­та е го­ле­ма шан­са не са­мо за Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку и за ре­ги­о­нот, ка­ко и за са­ми­от про­цес на при­ста­пу­ва­ње на кој мо­же­ме да му да­де­ме смис­ла. Шан­са­та е во тоа што но­ва­та ре­форм­ска вла­да на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е се­ри­оз­но под­го­тве­на и цвр­сто ре­ше­на од на­ша­та Ма­ке­до­ни­ја да на­пра­ви европ­ска Ма­ке­до­ни­ја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top