| четврток, 6 декември 2018 |

Фашистички закани од Грчев: вмровскиот ген мора да се искорне од тлото на македонската држава

Сдсмовскиот функционер и поранешен министер во владите на социјалдемократите во земјава, Мирослав Грчев во својата најнова колумна преку експлицитен говор на омраза испраќа фашистички пораки и порачува дека „вмровскиот ген мора да се искорне од телото на македонската држава“.

Грчев во колумната насловена „ВМРО да се искорне од македонската држава!“ пишува дека суштината на македонската општествено-политичка несреќа бил „фашистичкиот идеолошки код на ВМРО-ДПМНЕ“.

-Смртоносната двојна спирала на овој код се состои од митот за преродбата, за лажното повторно раѓање на кошмарниот библиско-паганско-антички народ, и од поистоветувањето на партијата со државата и на водачот со татковината. Оваа изворно фашистичка генетичка формула како вирус навлезе во државната плазма на земјава и ја уништи однатре практично целата дотогашна слободарска, антифашистичка, модерна и демократска култура на Македонија, пишува Грчев.

Така што, додава Грчев, за повторно освојување на демократијата и за обновување на институциите на македонската култура и држава, паѓањето на Груевски и неговата врхушка морало да биде само почетокот на процесот, само истрел на стартниот пиштол што ја отпочнува мачната и напорна маратонска трка до конечната слобода.

-Зашто, единствен пат за обновувањето на македонската демократија и култура е дератизацијата, дезинсекцијата, дезинфекцијата и деконтаминацијата на сите институции на државата и општеството од смртоносниот ген на ВМРО-ДПМНЕ. Фашистичкиот вмровски ген мора да се искорне од телото на македонската држава и да се фрли на буништето на историјата!, пишува Грчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top