Викендов се случила експлозија на бензинската пумпа на „Макпетрол“ на улицата „Беласица“ во Скопје. 43-годишниот А.М. од скопското село Миладиновци си наточил гас во својата „лада“ и при стартување на автомобилот дошло до експлозија во делот на моторот.
Експлозијата го исфрила возачот десетина метри, но за среќа останал жив. Освен „ладата“, настрадала и „опел вектра“, која била паркирана во непосредна близина.
А.М. заработил повреди и веднаш бил пренесен во Градската болница во Скопје, каде му биле констатирани изгореници од втор степен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



