| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарци субвенционира печење ракија на гас

rakija-pecenje

Општина Кавадарци ќе ги субвенционира кавадарчани што ќе го променат системот за загревање на казаните за печење ракија и во иднина место дрва ќе користат гас, сè со цел намалување на загаденоста.

Врз основа на одлуката за надомест на трошоци на граѓаните на територијата на општина Кавадарци за набавка на горилник на гас за печење ракија од буџетот на општина Кавадарци за 2017 година, локалната самоуправа објавува  јавен повик на кој можат да се пријават сите заинтересирани за субвенции.

Општина Кавадарци заради стимулирање на граѓаните за користење обновливи извори на енергија, кои минимално го загадуваат воздухот и не влијаат на климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства за набавка на горилник на гас за печење на ракија, стои меѓу другото во јавниот повик.

Субвенционирањето важи за сите тие што ќе го сменат системот за греење на казаните и ќе поднесат барање за искористување на правото за надомест, од денеска, па натаму, сè до исцрпувањето на буџетот за таа намена, кој изнесува шестотини  илјади денари.

Средствата што ќе се надоместуваат, се во износ од пет до десет илјади денари, во зависност од уредот што ќе се набави. За спроведување на постапката, ќе се грижи комисија формирана од страна на градоначалникот Александар Панов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top