| четврток, 6 декември 2018 |

Нов обид за напад во Франција со плински боци

Француската полиција откри автомобил со две плински боци во близина на синагога во Марсеј.

Сомнителното возило е забележано околу 11 часот во блзина на синагогата Бар Јохај, во време кога имало служба.

Во возилото се наоѓале две плински боци. Полицијата го затвори овој дел од градот, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Инцидентот доаѓа само неколку дена откако во близина на катедралата Нотр Дам во Париз беше откриен паркиран автомобил со седум плински боци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top