Од пожарот со изгореници на нозете се здобила Т.З. (72) и со возило на Брза помош била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ од каде била пренесена во Ургентен центар – „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани изгореници од втор степен на долните екстремитети и била задржана на понатамошно лекување.
Вчера во 20:45 часот во ЕИК-Скопје, С.М. пријавила дека на булевар„Јане Сандански“на приземјето настанал пожар во стан.
Во 22:30 часот, од екипата на Против пожарна во Скопје пожарот е изгаснат.
Станот бил целосно опожарен, а како причина за пожарот наведена е експлозија на мала плинска боца за варење кафе.
Увид ќе се изврши во текот на денешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасени осум мигранти од пожар во прифатен центар во близина на Атина
-
Војници спасиле шест лица од пожарот во Дебар Маало
-
Голем пожар изутринава во Скопје, интервенирале 8 возила: Изгореа ресторан и возила
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)