| четврток, 6 декември 2018 |

Бекер ги откри причините за лошата форма на Ѓоковиќ

Поранешниот светски тениски рекет број еден Германецот, Борис Бекер, смета дека причината за падот на формата на српскиот тенисер е недостатокот на стртаст, која ја загубил по освојувањето на Ролан Гарос, минатата година

Германецот во разговор за Скај спорт изнесе три причини за падаот на формана на својот поранешен пулен.

-Не може да го загубите форхендот или сервисот преку ноќ, верувам дека тоа е поради неговиот ум. Мислам дека за Новак, многу работи се променија откако го освои Ролан Гарос, тоа беше негов животен сон. Потоа се издува како избушен балон, а не најде начин да го врати воздугот назад, изјави Бекер.

Германецот истакнува дека противниците ги дознале неговите слабостии падот на неговата форма максимално го искористиле.

-Собелкувалната не спие. Ги видо неговите слабости и сега сите го сакаат неговиот скалп. Го читаат неговиот говор на телотои учат како да играат против него и тоа е дополнителен проблем. Кога доминирате толку долго и побеувате толку многу пати, мора да дојде момент кога нешто ќе се промени. Тој има 29 – години и има време да го пренасочи бордот во вистинска насока, но тоа мора да го направи многу брзо, го предупреди Бекер.

-Борис додаде и дека Новак психолошки е нестабилен и дека неговите емоции работат против него.
-Некои ситници сега мора да се промени емотивно, како кога ќе сфати дека топката не ја погодила линијата или кога судиите ќе го опоменат. Се што работеше за него минатата сезона, оваа работи против него, заврши Германецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top