| четврток, 6 декември 2018 |

Жена му ја убија пред една година, а тој веќе си фати нова девојка – Зоран повторно заљубен!

зоран

Од смртта на пејачката Јелена Марјановиќ измина една година, а нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ, повторно е заљубен.

Како што пишува магазинот Стар, Зоран од неодамна е во врска со пејачка која пред два месеца го контактирала за соработка.

-На Зоран преку Фејсбук му се јави пејачка која сака да соработува со него. Тој тие пораки ги видел еден месец пред годишнината на смртта на Јелена и не сакал да се допишува. Само и барал контакт како би се виделе и поразговарале за соработка – рекол изворот на магазинот.

Тој потоа кажал што после тоа се случувало.

-Таа е од внатрешноста на Србија, има 26 години и атрактивна е. Веќе при првата средба била забележлива привлечноста меѓу нив, а двајцата се плашат од покажување емоции, бидејќи се плашат од реакција на јавноста. Таа многу личи на покојната Јелена, но Зоран се уште ја нема запозанено со ќерката Јана – рекол изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top