Нголо Канте е изборот на професионалните фудбалери ширум Англија за „Најдобар играч за сезоната 2016/2017“, награда што на членот на Челси му беше врачена за време на вечерашната гала вечера. Откако минатата сезона со Лестер стигна до титулата, тој е на добар пат успехот да го повтори и во дресот на Челси. Токму Канте е најзаслужниот што лондонскиот клуб по ланската очајна сезона сега е првопласиран на табелата, па големиот борец сосема заслужено стигна до големата награда пред Азар, Кејн, Лукаку, Ибрахимовиќ и пред Алексис Санчез.
– Да бидеш избран од страна на свои колеги, фудбалери, тоа многу ми значи. Ова се две неверојатни сезони за мене, но да ја добијам наградата за играч на сезоната, тоа е огромна чест. Благодарност до сите – истакна Канте.
Асот на Тотенхем, Деле Али, втора година по ред е добитник на наградата за најдобар млад фудбалер, по одличните игри на англискиот репрезентативец за „спарси“ во текот на целата сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.