| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово

Во тешка сообраќајна несреќа утрово загина А.Д.(40) од Тетово.

Сообраќајката  се случила на автопатот Скопје – Тетово на еден километар од бензинската пумпа „Седум Браќа“,точното време сè уште не е утврдено.

Aвтомобилот „БМВ“ со скопски регистарски таблички управуван од тетовецот загубил контрола, излетал од коловозот и се превртел по што возачот починал на самото место.

По извршениот увид на местото од несреќата лекар по судска медицина ја констаирал неговата смрт, додека по наредба јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top