Жител на тетовското село Жеровјане вчера прегазил две лица од кои едното починало, а другото кое има тешки повреди е задржано на лекување во скопскиот Клинички центар.
Првата сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат село Волковија – Тетово, кога 22-годишното момче управувајќи со автомобил „Мерцедес“ удрил во велосипедистот Борче Н. (44) од село Брвеница, по што го напуштил лице местото упатувајќи се во правец на Тетово.
Токму тогаш удрил во пешакот М.М. (31) од с.Брвеница, а потоа сам се пријавил.
Во несреќата, велосипедистот Борче Н. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово каде починал, а тешки телесни повреди имал и пешакот М.М. кој бил пренесен и задржан на лекување во Клиничкиот центар во Тетово.
Увид на лице место извршиле Истражен судија, Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.