| четврток, 6 декември 2018 |

Страшна сообраќајна несреќа кај Гостивар, две лица се мртви

Две лица се мртви во страшна сообраќајна несреќа која се случила денеска попладне на излезот од Гостивар, објави „Канал 5“.
Како што објавува телевизијата, во директен судар на две возила „мерцедес“ со црногорски регистарски ознаки и „Опел Астра“ со охридски регистарски таблички животот го загубиле Ѓ.С. (61) и сопатничката А.С. (28). Двајцата загинати се сопатници на патничкото моторно возило „опел“, а возачот со иницијали Н.С. од Кичево на возраст од 30 години со повреди е пренесен во медицинскиот центар во Гостивар.
Во полициската станица Гостивар приведен е возачот на мерцедесот со црногорски регистарски ознаки кој е на возраст од 55 години од село Раотинце Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top