| четврток, 6 декември 2018 |

Владата формираше комисии кои ќе ги проценуваат штетите од ниските температури

Формирани се комисии при Владата на Република Македонија за проценка на штетите на овошните и лозови насади поради неспецифично ниските температури кои ја погодија нашата држава периодов. Министерот за земјоделсто, шумарсто и водостопанство Михаил Цветков кажа дека штетите се навистина големи бидејќи минативе две вечери температурите се спуштија и до минус 7 степени.

-Владата на Република Македонија на вечерашната вондредна седница расправаше по повод настанатите штети на овошните и лозови насади од мрзнење, имајќи во предвид дека изминативе две вечери температурите се спуштаа и до минус 7 степени. На вечерашната седница беа присутни и повеќе градоначалници од општините каде имаше и најголеми штети и тие ја информираа владата на Република Македонија. Од она што беше кажано може да се заклучи дека штетите на овие овошни лозови се доста големи. Затоа владата донесе две одлуки, прво вечерва да ги формираме комисиите кои што од утре ќе излезат на терен и ќе направат записници на сите овие овошни и лозови насади за настанатите штети. Второ, имајќи во предвид  дека се уште немаме избрано нова влада е формирана комисија од повеќе институции, каде што треба да ја изнајдеме најдобрата методологија, односно по кој закон истите ќе се исплаќаат, така да во вторник на редовната седница на владата на Република Македонија ќе дадеме извештај по овие две информации, изјави Цветков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top