Двајца тинејџери загинаа при лавина во западна Романија, јавија локалните власти.
Шефот на романската Служба за вонредни ситуации Реад Арафат изјави дека спасувачите извлекле две тела на момчиња од снегот. Останатите тројца тинејџери, кои биле со нив, не се во опасност.
Момчињата кои загинаа се на возраст од 13 и 14 години.
Арафат наведе дека несреќата се случила на планината Ретезат, на 350 километри од Букурешт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.