| четврток, 6 декември 2018 |

И Германците примаат смешни голови (видео)

И велесила како Германија понекогаш прима смешни голови, а синоќешниот автогол на Марк Андре тер Штеген е за во аналите на фудбалската игра. Чуварот на мрежата на Борусија Менхенгладбах се посрамоти со киксот во 17. минута на дуелот со САД, што се играше во Вашингтон и заврши со победа на домаќините од 4-3. Штеген се обиде да го исфинтира противничкиот играч, но си направи финта сам на себе и ја турна топката во мрежа по додавањето од Хеведес.

Американците по 14 години пауза ја победија Германија, а Штеген беше трагичар на пријателскиот дуел на двете селекции.

По катастрофалната грешка на германскиот голман Марк Андре тер Штеген во 17. минута, домаќините веќе водеа со два гола разлика. Штеген не реагираше најдобро при вратената топка од Хеведес и си постигна автогол.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top