Само два часа беа потребни за да дојде до искажување на анимозитет меѓу членовите на СДСМ од Скопје и внатрешноста.
Иако тој засега е на ниво на шега сепак може да биде сериозен проблем затоа што дел од Скопската организација на партијата смета дека СДСМ треба да ја води некој од партиските лидери од Скопје.
Венаш по изборот на новиот лидер за време на поздравувањето на Заев со своите приврзаници од Струмица и Куманово во неколку наврати се слушнал извикот „Прее..мо ги скопјани“ на што нервозно реагирале дел од членовите од Скопје.
Сепак и покрај провокациите на дел од членството денеска немало никакви тензии на повисоко ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


