| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент привремено го прекина дербито Вардар-Металург

Дерби натпреварот меѓу Вардар и Металург, кој одлучува кој ќе биде новиот македонски ракометен шампион и кој ќе игра во Лигата на шампионите следната година, неколку минути беше во прекин на две минути пред крајот на првиот дел поради инцидент што го предизвикаа играчите на двете екипи.

Жестоките дуели во еден момент кулминираа со турканици кои беа на работ на физичка пресметка, а тренерот на Вардар наместо да смирува, дополнително го разжести инцидентот.

На крајот, судиите се одлучија да ги остранат од теренот играчите на Вардар, Арбутовиќ и на Металург, Миркуловски, како иницијатори на инцидентот со директен црвен картон. Во исто врeме црвен картон доби и тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, кој неспортски ја прими одлуката на судиите и се обиде физички да се пресмета со нив, навлекувајќи го гневот на публиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top