Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието рече дека Тиранската платформа е прифатена од страна на Зоран Заев само за тој да избегне кривична одгогорност и да не се соочи со правдата за своите незаконски постапки. Пишев потсети дека Заев се товари за тешки кривични дела како што се барање поткуп, пуч, незаконско финансирање на кампања и незаконско делење на тендери во Општина Струмица на фирми кои се водени од неговата фамилија.
–Дали прифаќањето на документот од Тирана од страна на Зоран Заев е заради лични, себични или кукавички причини, односно заради спас од органите кои се занимаваат со организиран криминал во Република Македонија и второто прашање дали предавничкиот чин на Зоран Заев со прифаќањето на документот кој што е постизборен, кој не беше дел од Пржино и унапредува прашања на само една етничка заедница е параван за доаѓање на власт по секоја цена за да се избегне кривично дело за поткуп, кривично дело за пуч, кривично дело за нелегално финансирање на кампања или пак осомничен за повеќе кривични дела поврзани со незаконско делење на тендери кои голем дел завршиле во рацете на кланот Заеви, рече Пишев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.