Во своето прво обраќање како лидер на СДСМ Заев изјави дека на 14-тиот конгрес на СДСМ делегатите на конгресот делегирале чест, и дека не победи никој посебно туку целиот СДСМ.
„Во вакво никакво време се дрзнавме да спроведеме демократска и транспарентна процедура. Јас ја имам честа да го водам СДСМ во нареднвие 4 години и вечерва СДСМ ќе ја покаже својата сплотеност и единство за да бидеме силна опозиција . СДСМ е политичка партија која што може да ја турка во подобра Македонија и се што ќе правиме ќе правиме за доброто на државата и граѓаните. Ви гарантирам фер политичка сцена“, изјави Заев.
Новиот лидер на СДСМ најави дека во партијата ќе има место за сите квалитетни кадри и дека неговите против кандидати заслужуваат врвни позиции. Тој смета и верува во Кире и Зоран како што ги нарече своите противкандидати Јовановски и Наумов
Пред своите сопартијци Заев излезе со идната потпретседателка Радмила Шекеринска која треба да биде носечка личност во партијата особено пред странците, во Скопје и западна македонија каде влијанието на Заев е помало.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


