Новиот лидер на СДСМ Зоран Заев веднаш по пребројувањето на гласовите на конгресот на екс лидерот Црвенковски му ги предал клучевите од белата Лада Нива со која партијата го превезуваше партиското озвучување на протестите низ земјава.
Нема информација дали со тоа Заев сакал да порача дека Црвенковски треба да си замине некаде во тешко пристапна локација за каде ќе му треба џип или пак клучот го дава за да може Црвенковски во секој време да пристигне на помош кога ќе му затреба на Заев.
Во своето обраќање пред делегатите на конгресот по победата Заев рекол дека сега за партијата е најважно да биде сплотена и единствена.
Притоа тој порачал дека сите членови треба да бидат сплотени како тупаницата од партискиот симбол
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


