По албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи споменува обединување на Албанија и Косово. Тој во изјава за Радио Слободна Европа тврди дека доколку ЕУ му ја затвори вратата на Косово сите „Албанци од регионот ќе живеат во една единствена држава за да се продолжи со интеграцијата во европското семејство“.
Тачи додава дека „денес Европа нема визија за Косово и Западен Балкан, ја нема главната улога по прашањето за проширување“.
-Ова доцнење, овој застој и непостоење на визија за Западен Балкан, за жал, го користат идеологиите и неевропските земји и земјите кои не се во евроатлантскиот дух- смета косовскиот претседател.
Тачи вели дека „доколку ЕУ продолжи со овој застој и нејасен пристап тогаш, секако, секоја земја ќе донесе одлука за својата иднина, за својата сигурна иднина која води и кон националната перспектива“.
Претходно слична изјава даде и албанскиот премиер Еди Рама, според кого ако перспективата за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ продолжи да се намалува, тогаш би можело да се случи и обединување на Албанија со Косово.
Ваквата изјава на Рама предизвика жестоки реакции во Србија. Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ во остра реакција вели дека овие тврдења се уште една потврда дека создавањето на „Голема Албанија“ е заедничка идеолошка платформа за сите Албанци, која го загрозува Балканскиот регион и цела Европа.
По повод последните изјави на Рама со коментар се огласија и од ЕУ и НАТО. Висок претставник на НАТО за агенцијата БЕТА во Брисел изразува загриженост и порачува „лидерите од регионот да бидат на висината на своите одговорности и да продолжат на патот со дијалог и помирување“. Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, пак, изјави дека е „најважно да се одржат добри соседски односи и соработката со сите мора да биде рамноправна“, а според неа каква било форма на политичко влијание е штетна за зацврстување на добрососедските односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба