| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредни услови – зимата се врати на голема врата во април, а на 1 мај заборавете на пикникот

снег

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални слаби врнежи, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец, а најсилен се очекува да биде во југозападните и во јужните делови од земјава, на моменти со брзина и над 90 км/час.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од осум до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 12 степени.

Утре времето ќе биде суво, студено и ветровито, а ветерот ќе биде северозападен и особено изразен вдолж Повардарието. Температурите значително ќе опаднат, утринската од минус два до четири, а дневната од шест до 13 степени. За време на викендот се очекува разведрување со што утринската температура на повеќе места ќе биде околу или под нулата.

Најавите се дека ваквото време ќе се задржи до крајот на месецов, а и први мај ќе биде ладен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top