| четврток, 6 декември 2018 |

Не излегува од дома – тешки денови за Северина по губењето на бебето

севе

Хрватската поп дива, сопругата на Игор Којиќ, Северина Којиќ имаше спонтан абортус кон крајот на март.  Сега поминува низ тежок период, па преку својот потпарол апелираше до медиумите да не се занимаваат со нејзиниот приватен живот.

-Тоа се деликатни и приватни работи, имајте разбирање- порача Северина преку менаџерот.

Пејачката тешко ја поднела загубата на бебето и со денови не излегува од дома.

-Очајна е. Не може да прифати дека го изгуби бебето кое толку го чекаше. Опкружена е со своите најблиски кои  и се најголема поддршка – вели извор близок на пејачката.

Најголеми нејзина поддршка е нејзиниот сопруг Игор кој не се разделува од неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top