Дубаи важи за еден од најгламурозните и најбогатите градови во светот. Полн со екстравагантни градби, скапи автомобили, луд ноќен живот, милионски јахти и што уште не, овој град, за оние кои што можат да си го дозволат, е вистински рај. Но за разлика од од оваа блескава слика која им се сервира на турситите, постои една страна на Дубаи која е далеку од гламурозна, пишува магазинот „The Richest“.
Работниците работат по 14 часа на ден на 40 степени целзиусови
Како град кој се развива со брзина на светлинната, за тие преубави и огромни облакодери да го красат погледот, мора некој да ги изгради. Градежните работници работат во ужасни услови, најчесто по повеќе од 10 часа на 40, па и повеќе степени целзиусови. Несреќите при работа и здравсвените проблеми на работниците се секојдневна појава, а има и случаи на смрт за кои компаниите не сакаат многу да зборуваат.
Бакнувањето во јавност може да ве одведе во затвор
Иако Дубаи го претставуваат како модерен и либерален град, поголемиот број од неговите жители се муслимани кои се држат до религијата. Бакнувањето на јавни места е забрането по закон, а дури и држењето за рака може да се санкционира со парична казна.
Трговија со луѓе
Иако се забранети безопасни работи како бакнувањето, навечер ситуцијата и тоа како се менува. Во Дубаи има над 30 000 проститутки чија просечна цена им е 450 евра на час.
Со оглед на тоа што таму многу добро се заработува од проституцијата, таа прикиено се шири, а трговијата со луѓе и пред се девојки, е нешто на што полицијата подзамижува.
Слобода на говор
Законите и правилата таму не се строги само за државјаните, туку и за доселелениците кои ги сочивуаат 80 проценти од граѓаните на Дубаи. Ако во јавност изнесете мислење кое е спротивно со политиката на власта, можно е да бидете санкционирани од нивната тајна полиција.
За доселените ситуацијата е уште полоша со одлед на комплицираната процедува за добивање на државјанство, па постои опасност да бидат депортирани, без одлег на тоа колку долго живеат таму.
Што после нафатата?
Најразвиената гранка од која што се црпи целото богатсво во Дубаи е нафтената индустрија. Прогнозите на стручњаците се дека резервите во ОАЕ ќе бидат исцрпени во следните 15-тина години, а човештвото најверојатно ќе се сврти кон други енергенси. По ова ќе настане голем проблем за жителите на Дубаи кои од раскош и расипникиот начин на живот ќе треба да се навикнат на нешто сосема поинакво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.