Дубаи со туристичка атракција ќе го зголемува бројот на туристи.
Новиот проект во Дубаи подразбира изградба на одморалишта што би требало да го зголемат бројот на туристи во земјата на 20 милиони годишно.
Изградбата на двата вештачки острова треба да почне во јуни, а крајот се планира за 2020 година.
Дубаи ќе вложи 1,7 милијарда долари во овој проект.
Дубаи веќе е еден од најпосетените градови во светот, иако хотелите, трговските центри и државната авиокомпанија „Емирати“ трпат штета од силниот американски долар, кој го направи емиратот поскап за многу странски посетители.
Околу 4,6 милиони туристи го посетиле Дубаи во првиот квартал, што е за 11 проценти повеќе во однос на истиот период од минатата година, покажуваат податоците на туристичка агенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)