По собирањето на 30 илјади потписи за поддршка на кандидатурата на Црвенковски пораснаа апетитите на дел од членовите на иницијативниот одбор.
Тие денеска ја напуштија салата на конресот на СДСМ и изјавија дека ниту еден друг кандидат за претседател не е доволно добар за лидер и дека единствен кој може и треба да ја води партијта е Црвенковски.
Со тоа се зголемија шпекулациите дека иницијативата наскоро може да биде формализирана во политичко движење или партија.
Дел од нив велат дека потписите ќе висат над новото раководство на СДСМ како форма на притисок затоа што се работи за 30,000 потписи или половина од активното партиско членство.
Доколку новиот лидер не ги исполни очекувањата на членството кое сега е единствено тогаш сите опции се отворени велат членови на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


