| четврток, 6 декември 2018 |

Холивудските ѕвезди полудеа по оваа диета – се губат од 4 до 6 килограми месечно!

Тиквичките се исклучително корисни за многу болести- за гастроинтестиналниот тракт (вклучително и жолчката), кардиоваскуларни болести, хипертензија, дебелина.

Содржат многу влакна и се добри за диета и намалување на холестеролот и триглицеридите. Калиумот и магнезиумот од тиквичките позитивно влијаат врз нормализирање на крвниот притисок.

Ако ја издржите оваа диета еден месец без потешкотии ќе ослабите најмалку од четири до шест килограми.

Ако се придржувате само една недела- тогаш ви е загарантирано губење на 2-3 кг. Покрај тоа што ќе ослабите, ќе го ослободите вашиот организам од сите штетни материи и ќе го освежите телото.

Покрај тиквичките, во исхраната можете да вклучите и сирова зелка и морков. Во попладневните часови можете да си дозволите неколку краставици, а за да го подобрите вкусот на зеленчукот во салатата можете да додадете и малку лимонов сок и една лажица растително масло.

Диет планот со тиквички вклучува и овошје. За време на ручекот, вечерата и ужината, дополнете го оброкот со јаболко, киви, мандарина, портокал или сливи.

За да биде што повеќе избалансирана, исхраната мора да содржи и протеини, а тоа подразбира присуство на телешко, немасно говедско, мисиркино, пилешко, зајачко.

Месото можете да го замените со риба, но во овој случај предност и се дава на речната риба, затоа што морската не е многу погодна за оваа диета. За пиење се користи обична вода (што повеќе, подобро), зелен чај без шеќер, природни сокови (јаболко, портокал).

За време на диетата со тиквички, од исхраната мора да се исклучат: пекарски производи, леб, колачи, кафе, алкохол.

Предност имаат тиквичките со зелена кора која не мора да се отстранува, бидејќи без неа се губат 80% од хранливите состојки.

Мени за еден ден:

Појадок: динстани тиквички (250 г) со зеленчук (150 г), чаша зален чај.

Ужина: 1 јаболко, чаша сок од портокал или вода.

Ручек: запечена тиквичка (300 г), парче варено месо (200 г), 1 киви или неколку сливи и чаша зелен чај.

Ужина: запечена тиквичка (250 г ), салата од зелка и морков (250 г), чаша сок од јаболко.

Вечера: 100 г суви сливи или 2-3 свежи сливи, чаша сок од јаболко или зелен чај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top