По враќањето на Пол Погба во Јунајтед, Мурињо има друг играч на мета да го врати во Манчестер. Тоа е “избрканиот” Мајкл Кин, дефанзивец кој беше продаден на Барнли за 2,5 милиони фунти. Но со тек на времето, тој се истакна на оваа позиција и стана еден од најдобрите на таа позиција со понуди од Ливерпул, Евертон, Челси и Тотенхем.
Во оваа ситуација Манчестер Јунајтед поради клаузулата од продажбата на договорот има предност, меѓутоа сега Јунајтед ќе мора да плати 12 пати поголема сума од онаа што ја доби при продажбата на својот фудбалер, односно 30 милиони фунти. Стоперот во меѓувреме стана и англиски репрезентативец, одигра два натпревари за “Гордиот Албион” и тоа е една од причините што неговата вредност толку се зголеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.