| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се надева да помине уште во првиот круг

Струмичкиот градоначалник е во убедливо водство на неформалните кладилници што се формирани во хотелот Холидеј Ин по првиот круг гласање на конгресот на СДСМ.

Според партиски извори во СДСМ Заев има голема шанса да стане претседател уште по првиот круг чие пребројување треба да заврши по 18 часот.

За избран ќе се смета кандидатот што ќе добие над 50 отсто од гласовите под услов да се изјасниле најмалку една третина од вкупниот број на делегати.

Тоа значи дека на тајното гласање Заев треба да добие над 305 гласови во првиот круг ако сака да нема втор или трет круг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top