| четврток, 6 декември 2018 |

Снегот од Хрватска се движи и кон Македонија

Во многу делови на Хрватска и Босна и Херцеговина падна снег, а според најавите на метеоролозите снег се очекува денеска и во Србија.

Хрватските медиуми јавија дека вчера во делови на земјата паднал снег, како и дека температурата се спуштила до еден степен.

Снег паѓал на врвовите на ридот околу тунелот мала Капела, како и на подрачјето на Оточац, Језерана и Брињ, додека дожд паѓал во регионите на Задар и Шибеник, каде се забележани посилни налети на бура.

На планината Биоково во Сплитско-далматинската жупанија уште во текот на попладнето почнал да паѓа снег, кој до вечерните часови премина во снежна виулица.

На тој планински венец поради магла не е можно да се утврди височината на снежната покривка, а тоа го отежнува и силниот ветер, кој создава снежни наноси.

Снегот во текот на вечерта почна да паѓа и на повеќе планини во БиХ, како и во Сараево.

Босанските медиуми јавуваат дека Федералниот хидрометеоролошки завод соопштил дека снег паѓа и на Бјелашница и во Хан Пјесак.

Во поголемиот дел од Србија од неќеска почна да врне дожд, а претходно е најавено дека на повисоките делови во земјата ќе паѓа снег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top