| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарски стујард ја реши мистеријата: Најпосле се знае што му кажа Матераци на Зидан

За време на авионскиот лет, Милано - Њујорк, Минков разговарал со Матераци, а најинтересните детали од раговорот ги откри за бугарските медиуми

Бугарскиот стјуард Даниел Минков откри со кои зборови Марко Матераци го испровоцира Зинедин Зидан во финалниот натпревар од Светското првенство во 2006 година.

Репрезентативецот на Франција наседна на провокацијата и намерно со глава во гради, го удри дефанзивецот на Италија и доби директен црвен картон. Зи-Зу на најлошиот можен начин стави крај на богатата репрезентативна кариера, а Италија ја освои светската тутула по пенал рулетот.

За време на авионскиот лет, Милано – Њујорк, Минков разговарал со Матераци, а најинтересните детали од раговорот ги откри за бугарските медиуми.

Најинтересно од се е дека никој во авионот не го преопзна Матераци. Јас дојдов до него и му кажав: „Да пукне“, а потоа го прашав што се случи помеѓу него и Зидан. Матераци ми кажа дека знае дека сестрата на Зидан, Лили, невиноста ја има загубено од некој поранешен тимски колега на Зидан, кој играл за Јувентус. Затоа Марко му кажа: “Повеќе ја сакам твојата сестра, отколку твојот дрес. Би сакал да видам како се е*е твојата сестра“. Нашиот разговор заврши со зборовите на Матераци: “Ако сакаш да дознаеш уште некој детаљ, тогаш ќе мора да ја купиш мојата автобиографија“, откри бугарскиот стјуард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top