Зимата на Балканот не е завршена. Вечерва паѓа снег во Сараево, Босна и Херцеговина. По планините, како што јавуваат медиумите во таа земја, на ред дојде Сараево.
Во главниот град на БиХ попладне почна да врне дожд, кој по 20 часот помина во снег.
Според синоптичарите снег има на планината Бјелашница.
Утре се очекува облачно време со поголеми врнежи од снег наутро и во ноќта спроти четврток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.