| четврток, 6 декември 2018 |

Заев нема амбиции да стане преродбеник, најавува практични решенија

кандидатот за претседател на СДСМ Зоран Заев во својот говор пред делегатите на конгресот наајвил дека доколку ја добие довербата, победничкиот менталитет ќе стане доминантен и со него на чело СДСМ повторно ќе биде победничка партија.

Зоран Заев во своето обраќање пред делегатите на конгресот на партијата, на кој се бира нов лидер рекол дека „Многумина се прашуваат што треба да донесе денешниот ден и што треба да значи овој конгрес за македонските социјалдемократи. Едни очекуваат пресвртница во политичкото делување на партијата како убава можност за разбивање на премрежјата надвиснати над Македонија и нејзините граѓани, други натоварени со политички багаж со сомнителна содржина ја убедуваат јавноста да биде скептична во социјалдемократската преобразба и трети кои едноставно без прогнози го очекуваат епилогот од она што СДСМ го најавува како патоказ во своите ангажмани. Сите тие одговорот нема да го добијат денес оти конгресот не дава такви одговори туку само ги најавува. Одговорите ќе следуваат веќе од утре, од ден на ден се повеќе и повеќе, се посилно и посилно, се подобро и подобро“.

Според него, граѓаните бараат алтернатива бидејки се повеќе знаат дека има нешто гнило во државата.

-Не е време за  шминки туку време е да понудиме лек за гнилежот без пресилни амбиции за некаква преродбеничка дејност, време е за конкретни, издржани и практични решенија. Затоа сите што денес прашуваат за значењето на овој конгрес ќе сфатат дека ова е конгрес кон прогрес. Некои велат дека реагирам емотивно. Точно е, преемотивен сум кога е во прашање мојата партија и нејзината иднина. Работам тимски, отворен сум за контакти и соработка, знам да победувам. Во три изборни циклуси по ред го декласирам системот на ВМРО-ДПМНЕ и режимот на Груевски. Доколку ја добијам вашата доверба, тој победнички менталитет ќе стане доминантен и со мене на чело СДСМ повторно ќе биде победничка партија. “ рекол Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top